X
 07.03.2022 Култура

Возбудливи серии што ќе ги гледаме овој месец

Што се однесува до сериите, секој месец е добар, но март е полн со одлични наслови. Од документарни до драми, хумористични и трилери, овој месец ќе биде феноменален за љубителите на сериите.

„Најлошиот цимер досега“ (англ.Worst Roommate Ever)



„Нетфликс“ е местото за вистински криминалистички документарци, а оваа серија за најлошите цимери досега ќе ги привлече љубителите на крими-приказните. Од насилни измамници до ладнокрвни убијци, овие страшни и морничави приказни веројатно ќе ве натераат да се одлучите да живеете сами во иднина.

„Џо против Керол“ (англ. Joe vs. Carole)



На прв поглед оваа серија изгледа малку патетично, но тематски би можела да заинтригира некои гледачи кои сакаат да се сеќаваат на хит-серијата „Тајгер кинг“. Мора да се признае, покрај постојниот документарен филм, не е јасно зошто некој би сакал да гледа серија што дури и не може да се спореди со вистинското лудило на популарните сопственици на приватни зоолошки градини. Главните улоги ги толкуваат Џон Камерон Мичел и Кејт Мекинон како Џо Егзотик и Керол Баскин.

„Нашето знаме значи смрт“ (англ. Our Flag Means Death)



Ако ги знаете имињата Таика Вајтити и Рис Дарби, голема е веројатноста да сакате да го гледате овој филм, а станува збор за оригинален заплет што го следи Стед Бонет, аристократ кој го напушта удобниот живот и станува пират.

„Туристот“ (англ. The Tourist)



Џејми Дорнан во „Падот“ покажа дека е актер (тоа малку го заборавивме поради „Педесет нијанси на сиво“), но изборот на проекти постојано нѐ потсетува на неговиот квалитет. Се чини дека може да дојде нов потсетник во серија во која глуми човек кој се буди во австралиска болница со амнезија и мора да открие кој е пред да го стигне проблематичното минато.

„Делови од неа“ (англ. Pieces of Her)



Серија базирана на истоимената книга на Карин Слотер, а ја следи приказната за Енди која при пукање во локален ресторан дознава работи за нејзината мајка што претходно не ги знаела.

„Време на победа: Подемот на династијата Лејкерс“ (англ. Winning Time: The Rise of the Lakers Dynasty)




Љубителите на кошарката веројатно ќе бидат воодушевени од оваа спортска драма базирана на книга од 80-тите години од Џеф Перлман, а првата епизода од приказната за Лејкерс ќе ја режира големиот Адам Мекеј, кој неодамна го воодушеви светот со сатиричниот филм „Не гледај нагоре“.

„Последните денови на Птоломеј Греј“ (англ. The Last Days of Ptolomey Grey)




Драматична мини-серија базирана на истоимениот роман на Волтер Мозли која следи осамен 93-годишник со деменција кој привремено почнува да се сеќава на своето минато и го користи краткото време за да ја истражи смртта на својот братучед.

„Животот & Бет“ (aнгл. Life & Beth)



Познатата комичарка Ејми Шумер смислува своја серија која ја напишала и во која глуми, а ја следи Бет која има совршен живот на хартија, но по една случка почнува да се соочува со минатото кое радикално ѝ го менува животот.

„Девојката од Плејнвил“ (англ. The Girl From Plainville)




Серија базирана на вистински настан се занимава со настаните околу смртта на Конрад Рој, но особено приказната за неговата девојка Мишел Картер која е обвинета за убиство од небрежност. Серијата е создадена од талентираната Лиз Хана, а главните улоги ги толкуваат Ел Фенинг и Колтон Рајан.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура