X
 01.05.2015 Живот

Временска прогноза за продолжениот и празничен викенд



Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на температурите. Ќе дува слаб јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Минималните температури од5 до 14 степени, а максималните ќе се движат во интервал од 17 до 27 степени.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а дневната ќе достигне до 24 степени

По сончевиот петок, во сабота ќе биде претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од 7 до 16 степени, а дневните од 14 до 24 степени.

Во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло, со максимални температури од 20 до 30 степени.

Во понеделник и вторник претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 9 до 19 степени, а максималните дневни ќе се движат од 20 до 32 степени. Ув индексот ќе има вредност 6

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот