X
 06.06.2015 Култура

Легендарната серија "Prison Break" добива нова специјална сезона

serija

 

Кога нема ништо ново и паметно за емитување, рециклирањето на стариот материјал доаѓа како порачано. Се чини дека се` повеќе американски ТВ куќи ја следат оваа логика и се обидуваат да заработат пари на проверен рецепт.


После најавената нова сезона на „The X-Files“ И неодамна најавениот спин оф на „24“, се чини дека уште една тв серија, која во текот на првата сезона беше и повеќе од добра пред да стане тешка научно фантастична небулоза, наскоро може да го добие своето продолжение. Станува збор за „Prison Break“.

Од оваа перспектива е прилично тешко да се претпостави како оваа серија би можела да има продолжение со оглед на тоа што нејзиниот главен лик почина во последната епизода, меѓутоа секогаш може да се оди по најлесниот пат: ја лажирал својата смрт и живее на некој напуштен остров, се` додка не се укаже потреба да се врати дома, да уништи некое зло, да спаси некој или едноставно да се одмазди за нешто. Се зборува дека серијата ќе се врати во формат од 12 продолженија, а главните ѕвезди Вентворт Милер и Доминик Персел веќе некое време изразуваат желба да се вратат во серијата која ги прослави.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура