X
 15.10.2015 Настани

Отворен ден за посета на Македонска берза АД Скопје

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во следните неколку месеци ќе организира ОТВОРЕН ДЕН за посета на Берзата.

 За се’  што Ве интересира за Берзата, а досега не сте имале можност да го дознаете Ве покануваме на првиот ОТВОРЕН ДЕН што ќе се одржи на:  21 октомври 2015 година (среда) со почеток во 11 часот.



Отворениот ден ќе Ви даде можност:

·         Да бидете гости на Македонската берза и да ги видите деловните простории во коишто се одвива нашето работење,

·         Да се запознаете со начинот на нејзиното функционирање и институционалната поставеност,

·         Да го проследите начинот на којшто се одвива тргувањето во живо и да бидете сведоци на склучувањето на берзанските трансакции.


Вашиот интерес за посета на првиот ОТВОРЕН ДЕН на Берзата Ве молиме да го потврдите кај Катерина Ј. Манева на тел. 02 3122 055 или преку електронската пошта otvorenden@mse.org.mk



Ве очекуваме!

Издвојуваме

Настани