X
 21.10.2015 Живот

Зошто Ричард Бренсон ја протече информацијата за легализацијата на канабисот?

Според документите кои протекоа во јавноста благодарејќи на претприемачот-милијардер Ричард Бренсон, Обединетите Нации е на прагот на повикување на владите низ светот да ги легализираат нелегалните дроги. Зошто Бренсон нè извести за ова?


Според медиумите, Бренсон изјави неделава дека Обединетите нации се обидуваат да стават крај на глобалната „војна на дрогите“. Во објава на својата интернет-страница, тој вели дека сè уште необјавена изјава од канцеларијата на ОН стигнала до него, до Би-Би-Си и други медиуми.

Во 2012 година, Бренсон имаше изјавено дека пазарот за канабис во Велика Британија треба да биде оданочен и регулиран, а дека легализацијата на дрогата во Ирска би предизвикала промена на „јавното мислење“.



Подоцна, тој ја опиша „војната на дрогата“ како пропадната можност за бизнис. Истовремено, тој откри дека неговото лично мислење за марихуаната е дека треба да биде легализирана низ целиот свет, а потоа и оданочена. Конечно, тој извести дека би инвестирал во марихуаната.

Дали тој верува во слободата на другите? Или можеби бара можност за нов бизнис во легализацијата на дрогата и нејзиното оданочување?



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот