X
 27.10.2015 Култура

Убавината на Македонија претставена во 9 емисии од новиот циклус на Алхемија на Балканот

Ал Џезеира Балканс го продолжува својот циклус Алхемија на Балканот со 9 получасовни емисии за Македонија, кои се гледаат во еден здив, кои поттикнуваат на размислување и кои, необично за медиумските прилики на ова поднебје, немаат скриени намери и тенденциозни пораки.



Во првата емисија од серијалот Алхемија на Балканот - Македонија, на кратко ќе ги видите најинтересните места, природните убавини, Охридското езеро со неговите знаменитости - бисери, пастрмката, чистата и бистра вода, туристичките атракции.

Ќе ги видите и протагонистите на политичката сцена - премиерот Никола Груевски и шефот на опозицијата Зоран Заев. Големиот македонски режисер Милчо Манчевски ќе зборува за своите емоции кон земјата каде е роден, но и дека не е задоволен од напредокот и дека смета „дека секој секому вири под пазуви“ и дека меѓучовечките односи не се јасни, чисти и проветрени.

Ќе ги видите и оазите на претприемништвото, луѓето кои го носат економскиот напредок а кои ќе ги има и во останатите емисии.

И како слатко изненадување, кратко интервју со Катерина Ивановска, која живее во Њујорк, но која и понатаму се чувствува најсреќна во родното Скопје. Не пропуштајте ја првата епизода, четврток, во 21.30 ч. на Ал Џезеира Балканс.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура