X
 03.11.2015 Живот

Продолжува стабилното и сончево време



Во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на мала облачност. Утринските температури ќе се движат од -5 до 4 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 12 до 22 степени. Слаб северозападен и североисточен ветер.

Во Скопје во вторник, по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на мала облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Во наредните денови без промена на временската состојба. И понатаму продолжува стабилното и сончево време. Утринските температури и понатаму ќе бидат ниски со тренд на благ пораст. Максималните дневни температури ќе бележат благо опаѓање од 3-4 степени во периодот од среда до сабота, но и понатаму малку повисоки од просечните за овој период од годината.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот