X
 13.06.2017 Живот

Временска прогноза: Натпросечно топло време за овој период од годината

Денес е вторник, 13 јуни 2017 година, 164-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:12 часот. Денот ќе трае 15 часа и 19 минути.


Во утринските часови насекаде во Македонија имаме претежно сончево и топло време

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на топла воздушна маса се очекува претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од годината. Слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и многу топло време. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 33 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда претежно сончево и многу топло време. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели развој на нестабилна облачност која што ќе услови умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално во овие предели можна е и појава на невреме. Максималните температури од 26 до 36 степени. Речиси идентилно време и во четврток, претпладне претежно сончево, попладне во западната половина нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици но пониски дневни температури кои ќе достигнат до 22 односно до 32 степени. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд насекаде  во Македонија. Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните од 23 до 33 степени. Во сабота умереноо облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со дневни температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 17 до 27 степени.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот