X
 30.12.2015 Живот

Празнична временска прогноза... Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Во североисточните и источните предели услови за провејување на слаб снег, додека пак во југоисточните и јужните предели слаби врнежи од дожд кој во текот на ноќта ќе преминуваат во снег. Се работи за сосема слаби врнжи. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер со брзина до 35 км/ч. Утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 5 степени.

Следува период на многу студено време со дневни температури кои ќе бидат пониски за 2 до 4 степени во просечните за овој период од годината. Во четврток, петок и сабота ќе биде претежно сончево и студено, особено во текот на ноќта и во утринските часови. Утринските температури ќе се движат од -13 до 4 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до -3 односно до 8 степени. Во недела умерено облачно и услови за врнежи од дожд и снег во попладневните и вечерните часови. Дневните температури од -1 до 8 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот