X
 03.12.2015 Живот

На кафе со Бобан Апостолов, музички продуцент и композитор за кого допрва ќе слушне светот



На 10 - ти декември во Public Room од 18:00 часот ќе се одржи 13-тото по ред Бизнис кафе Македонија на кое своето искуство ќе го пренесе Бобан Апостолов - музички продуцент, композитор и ко-основач на Loops Lab Media.

12 Години искуство во областа на Поп / Електронска / Рок и Филмската музика, интернационален ТОП 100 во "микро сток" музичко издаваштво, директен и индиректен удел во преку 20 албуми за странски изведувачи и музички библиотеки. Како поранешен дел од тимот на F.A.M.E'S. Project (Pro Tools Operator), со повеќе од 400 успешни проекти, Еми награда, Греми номинација и ред други успеси во областа на снимање музика за филм. Листата на филмови за кои Бобан има работено во делот на филмската музика можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК

Во 2011 ја ко-основа Loops Lab Media, со партнерство и седиште во Лондон, а денес и во Скопје, со тим од 7 музички продуценти, инженери и креативци во областа на музичката продукција. Од 2014 e почесен член и жири на Grammy Awards, вклучува соработки со Х-Фактор Франција, Германија, The Voice, Rasing Star и други шоуа.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

Влезниците по промотивна цена од 200 денари(важи само за СТУДЕНТИ) може да се уплатат на жиро сметка на Актива Вел Дооел Скопје. Откако ќе се пријавите за учество ќе бидете контактирани за следен чекор за уплатата.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот