X
 11.12.2015 Култура

10.000,00 денари и платена сметка од ЕВН за најубаво украсените дворови и тераси во Скопје



Граѓаните на град Скопје и годинава ќе може да се натпреваруваат во рамки на Новогодишните и Божиќните свечености за манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“.

Се што треба да направите е да го украсите вашиот двор, дом и работни простории и да придонесете во разубавување на празничниот амбиент на градот.

Сите оние кои се заинтересирани за натпреварот можат да се пријават на телефонскиот број 3297-265, од 9 до 16 часот, од 7ми до 21ри декември 2015 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на Интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: 

Традиционално, и оваа година ќе се избира:
Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.


Кој ќе ја добие наградата ќе решава жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите.

Наградените ќе добијат награда од 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на првонаградените од трите категории, додека ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година.

Наградите ќе се доделуваат на крајот на декември.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура