X
 13.05.2024 Живот

Поларната светлина го маѓепса светот, а се појави и над Балканот

Реткиот природен феномен на разнобојната поларна светлина на ноќното небо го воодушеви поголемиот дел од Европа, беше забележан и во Америка, Кина, но и на Балканот.

Иако аурора бореалис е вистинска реткост на Балканот, во петокот вечерта луѓето од Војводина, Хрватска и целиот регион можеа да уживаат во розовите зраци кои се спуштаа над хоризонтот.

Благодарение на ведрото небо, поларната светлина го осветли поголемиот дел од Европа.

 
Со овој спектакл беа почестени и Австрија, Германија, Словачка, Швајцарија, Данска и Полска, Велика Британија, бидејќи една од најсилните геомагнетни бури ја погоди Земјата.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот