X
 15.04.2022 Живот

Да се смени професорката што предава историја на музика, а завршила соло-пеење, бараат студентите на ДУТ

Студентите од сите четири години на Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) бараат да се смени професорката по музика која го предава предметот Историја на музика, а има завршено соло-пеење. Тие ни рекоа дека таа е „некомпетентна“,  „не е соодветна за предметот што го предава“, „нѐ навредува“ и „бараме да си замине, да дојде друга професорка која ќе има знаење за предметот што го изучуваме“.

Студентите го почнаа протестот од центарот на градот, па се упатија кон Универзитетот, каде што наидоа на затворени врати и не успеаја да влезат во дворот. Тие рекоа дека доставиле пишана изјава до Деканатот, потпишана од претседателите на сите четири групи. Воедно, најавија дека в понеделник студентите ќе одржат состанок за да разговараат за наредните чекори.

Деканот на Факултетот за уметности, Нафи Јашари, рече дека советот веќе донел одлука според која студентите треба да се вратат на предавањата. Тој соопшти дека може да бидат изречени одредени казниви мерки за студентите. 

Ова е втор протест на студентите, кои минатата недела протестирале пред факултетот во центарот на Тетово. Тогаш добиле известување од ректорската управа дека ако не сакаат, не мора да го слушаат предметот кај „спорната“ професорка, туку кај друга професор. Но, тие не се задоволни со оваа одлука. 

Како што соопштија за време на протестот, тие сметаат дека професорката не е компетентна и не е соодветна за предметот Историја на музика и нема добар педагошки однос, дека ги навредувала, па треба да си замине од местото професор на ДУТ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот