X
 15.11.2023 Живот

Еве што се случило кога библиотека во Шведска случајно била оставена отворена

Шведска го прослави Денот на сите светци на 4 ноември, а според обичајот, некои луѓе отидоа да им оддадат почит на починатите роднини и пријатели на гробиштата. Но, во деновите по празникот, главна тема во Шведска не беа гробиштата, туку библиотеката.

Вработените во Јавната библиотека во Гетеборг заборавиле да го заклучат објектот кога си заминале претходниот ден, па ненамерно бил оставен отворен на државниот празник. Сепак, ништо необично не се случи, во текот на денот не беа украдени книги и не била скршена опрема. И тоа стана вест - учтивоста и искреноста на посетителите на библиотеката.

Библиотеките обично се отворени во сабота, поради што луѓето оделе во библиотеката и можеби заборавајќи дека тоа е национален празник, не биле изненадени што била отворена. Околу 400 луѓе го посетија објектот во текот на денот, а 245 книги биле проверени преку автоматскиот шалтер.

Менаџерката на библиотеката, Ана Карин Елф, изјави дека луѓето се однесувале вообичаено во библиотеката кога таа била предупредена за грешката и дошла да провери што се случува. Таа била изненадена, но воодушевена кога затекнала луѓе кои читаат весници, прелистуваат компјутерски каталози и семејства во делот за деца. И очигледно само неколку од нив забележале дека библиотеката е попразна од вообичаено.

На некој начин, целиот ден заврши како несвесен експеримент за можноста за водење целосно автоматизирана библиотека без персонал. Ова не значи дека вработените во библиотеката се непотребни - денешните библиотеки нудат повеќе од книги - организираат настани и работилници и, во извесна смисла, служат како културни центри на заедницата.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот