X
 26.01.2016 Образование

УГД го објави Конкурсот за целосни стипендии за 500 студенти

Универзитетот „Гоце Делчев“ го објави Конкурсот кој беше најавен неодамна, а се однесува на стипендирање на 500 најдобри студенти од УГД и целосно покривање на нивната школарина. На Конкурсот можат да аплицираат студентите на прв циклус студии.


- Во насока на нашата темелна определба дека студентите се централното прашање на Универзитетот, ние годинава го отвораме фондот за стипендирање. Годинава ќе доделиме 500 стипендии за најдобрите студенти на УГД, за сите студиски програми на сите факултети. Овој фонд работи на принципот на обезбедување средства од донации од бизнис секторот и стопанството и средства што Универзитетот ги издвојува за добрите студенти. Наша темелна определба е дека сакаме да имаме добри студенти и сакаме да ги стимулираме. Ние ќе ја поддржуваме оваа акција и секоја година го правиме ова - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

КОНКУРС за доделување на 500 стипендии за покривање на партиципацијата за студирање на УГД

Конкурсот е објавен на веб-страницата на УГД на следниов линк.  Од денес е активен и отворен за аплицирање, а формата за апликација е едноставна.



- Нема ништо комплексно во критериумите. Многу лесно се пополнува апликацијата на веб-страницата на Универзитетот. Основна работа е да имаат просек над девет - појасни ректорот на УГД.

Овие стипендии се обезбедени од многу компании. Покрај овие стипендии од преговорите со бизнис заедницата ќе следуваат и други активности за заедничка работа или заеднички проекти. Од она што го најави ректорот на Универзитетот, компаниите се заинтересирани да ги помогнат добрите и квалитетни студенти, а подоцна и да ги вработат. Оваа година фондот за стипендирање ќе стипендира студенти од сите факултети, а не се исклучува можноста во иднина да има и профилирани стипендии. Преку овој проект најдобрите студенти ќе добијат целосно покривање на нивната школарина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование