X
 16.11.2020 Образование

МОН го објави конкурсот за стипендирање студенти на додипломски студии

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2020/2021 година.

Во конкурсот е наведено дека право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни студенти;
2. да не повторувале година во текот на студирањето;
3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
4. да се државјани на Република Македонија.

Студентите што ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на konkursi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, Скопје), од 13.11.2020 до 30.11.2020 година, од 9 до 15 часот.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 21.12.2020 година на веб-страницата на Министерството.

ТУКА можете да го видите целиот конкурс и да ги преземете потребните документи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование