X
 26.11.2020 Образование

Апликациите за студентски стипендии да се доставуваат електронски, а договорите за ученички стипендии по пошта, апелира МОН

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое трае заклучно со 30 ноември. Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови, апликациите можат да ги достават електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk или хартиено преку архивата на МОН.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е поедноставен и побезбеден или документите да ги доставуваат по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса - бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

Од министерството додаваат дека апелот се однесува и на учениците кои го оствариле правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, а кои имаат обврска заклучно со 4.12.2020 година да достават пополнет договор во три примероци (достапен на следниот линк) и копија од лична трансакциска сметка, да одбегнуваат физичка посета на МОН, односно документите исто така да ги доставуваат по пошта.

За дополнителни информации и поддршка за учениците и студентите, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е contact@mon.gov.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование