X
 02.02.2016 Живот

Прогноза за времето во наредните 5 (пет) дена



Во Македонија во утринските часови појава на слаба магла, а услови за погуста магла ќе има во западните предели. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Попладне појава на локална облачност. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -1 до 6 степени додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 22 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Во среда во Македонија уште еден сончев и натпросечно топол ден. Кон крајот на денот наоблачување од север. Максималните дневни температури од 12 до 22 степени. Во четврток нов температурен шок, продор на влажна и постудена возушна маса која ќе донесе врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Попладне и навчер над 600 метри врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Максималните дневни температури од 3 до 13 степени. Во петок и сабота претежно сончево со локална облачност и постудено со пад на температурите. Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 12 во петок, односно од 6 до 16 во сабота.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот