X
 25.10.2016 Живот

Временска прогноза за наредните денови

Денес е вторник, 25 октомври 2016 година, 299-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:52, а ќе зајде во 17:41 часот. Денот ќе трае 10 часа и 48 минути.

И ова утро во поголем дел од Македонија имаме појава на магла, во поголем дел од западните, источните и јужните предели имаме претежно сончево време со локална облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија вторник во утринските часови ќе има појава на магла која што некаде ќе ја намали видливоста и до 100 метри, а понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот не очекува претежно сончево време со локална облачност и топло време за овој период од годината. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 24 степени. УВ индекс 2.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која ќе се задржи и претпладне. Попладне разведрување и не очекува претежно сончево и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 21 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда умерено облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во текот на ноќта продор на влажна и студена воздушна маса од север која ќе донесе врнежи од дожд проследени со засилен ветер. Температурите ќе се движат од 12 до 20 степени. Во четврток облачно со врнежи од дожд и ветровито. Доцна попладне и навечер врнежите ќе престанат и намалување на облачноста, максималните температури од 9 до 17 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и свежо со максимални температури од 7 до 15 степени. Во сабота по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево солокална облачност и температури од 10 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот