Во 2011 година, пензионираниот 71 годишен ѕидар Жоао Периера де Соуза кој живее во едно островско село во непосредна близина на Рио де Жанеиро, Бразил, пронашол мал пингвин прекриен со нафта и блиску до смртта.

Жоао го крстил пингвинот Џинџин, и успеал да му помогне да се опорави. Џинџин одбил да биде ослободен назад во дивината, се` додека ненадејно исчезнал и го немало повеќе од 11 месеци.
Но, Џинџин не сакал да остане во дивината премногу долго. После некое време Жоао повторно го забележал на плажата.
Во изминативе 5 години, Диндим поминува осум месеци во годината со Жоао, и патува повеќе од 8.000 километри од местото кадешто се размножува во Аргентина и Чиле.

„Го сакам пингвинот како мое дете и верувам дека и тој ме сака мене. Никој друг не смее да го допре и напаѓа доколку се обидат да го допрат. Тој лежи во мојот скут, ми дозволува да го капам, да го хранам со сардини и да го кревам. Сите велеа дека нема да се врати меѓутоа тој постојано се враќа да ме посети во изминативе 4 години. Пристигнува во јуни и си заминува во февруари, а секоја година станува се` повеќе приврзан и е посреќен што ме гледа“.
Крајевски, професор по биологија вели: „Никогаш не сум видел ништо вакво. Очигледно пингвинот верува дека Жао е дел од неговото семејство и мисли дека е пингвин“.