X
 05.11.2017 Забава

Пијанство за паметење - Побарал од данските власти да му го препуштат Гренланд

23 годишниот Џо, во жарот на пијансвото, одлучил на данските власти да им побара да му го препуштат Гренланд, за и тој да има своја земја.

Утрото после пијанството, Џо не можел да се сети на меилот, до моментот кога данската влада му одговорила. Исто така, не знае да каже зошто баш Гренланд, меѓутоа претпоставува дека некаде околу него се наоѓал глобус што го инспирирал.

„Моето име е Џо, имам 23 години, а мојот пријател и јас сакаме да ја поседуваме земјата. Не сакам да ве задржам. Сигурен сум дека данското кралство има многу попаметна работа отколку да решава за деталите кој ќе добие која земја. Затоа, ако подобро размислите, ние ќе ви направиме услуга. Работа помалку за која големите луѓе во Данска отсега не мораат да се грижат“, објаснува неговото барање до кралството Данска.

Во неговото барање тој објаснува зошто баш тој е вистинскиот човек за менаџирање на цела земја. Имено, како што вели Џо, има искуство во управување со тим од пет луѓе, затоа што работел за голем американски добавувач. Неговиот пријател поседува харизма за управување со земјата, а за возврат понуди автограм од Хју Томасен, неколку лименки сок и игра за „Ексбокс“.


Фото: Boredpanda

Неколку дена после пијанството, Џо добил меил од данското Министерство за надворешни работи.

„Драг Џо, 23 години.

Ви благодариме за вашиот меил.

Ни се допаѓа фактот што имате големи соништа. Но никогаш не знаете дали соништата еден ден ќе ви се остварат. Но кога станува збор за препуштање на Гренланд, тоа е невозможно, но благодариме за прашањето.

Можеби треба да започнете со помали чекори. Имаме работни места на Гренланд, бараат некој што може да ги учи децата англиски. А тоа можете да бидете вие.

Или само прочитајте нешто повеќе за владата во Гренланд. Среќно во пронаоѓање на земјата што ќе ви одговара.

Срдечни поздрави,

Данското министерство за надворешни работи“.


Фото: Boredpanda
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава