X
 11.03.2016 Култура

Драган Николиќ: И кога ќе бидам мртов и бел, јас сепак би сакал да бидам светилка

Утринава, небото добило сјаен глумец. Легенда. Драган Николиќ, човекот чии филмови со еднакво уживање ги гледаат бабите и внуците, почина во својата 73-та година во болница во Белград по долго и тешко боледување. Една негова изјава покажува како живеел.


Во едно интервју за „Новости“, Николиќ бил прашан дали му биле исполнети соништата. Неговиот одговор нè погодува посилно сега кога го нема.

- Вистина е дека ја сонував работата со која се занимавав. И моите соништа се исполниле. Како глумец верував во себе, имав желба да победам, но и да се победам себеси. А и тоа може да биде оасно - ако ти се исполнат сите соништа, станува досадно. Мене уште не ми е досадно. Јас низ целата кариера настојував, на некој начин, во себе да го вткаам она што пишувало на шпицата на првиот филм во кој сум играл. А пишуваше: „И кога ќе бидам мртов и бел, јас сепак би сакал да бидам каква-таква светилка“.

Беше. Живееше како господин. Голем уметник, мудар и пристоен човек. Беше пример за сите луѓе од јавниот живот за чување на достоинството.

Светлината, онаа животната, е сеќавањето на големите луѓе кои го покажале патот. Беше светлина, Драган.

Таа светилка нема да се изгаси.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура