X
 12.06.2016

Доколку не ја инсталирате оваа апликација, "Facebook" ќе ви ги избрише синхронизираните фотографии

Социјалната мрежа „Facebook“ започна да испраќа меил до своите корисници со кој ги поттикнува да започнат со инсталирање на „Moments“, апликација што ја лансира во јули минатата година и која на корисниците им овозможува приватно да споделуваат фотографии со своите пријатели.

 

телефон


Во пораката социјалната мрежа објаснува дека некои фотографии од мобилните уреди на корисниците се синхронизирани во облакот и тие ќе бидат избришани доколку корисниците не ја инсталираат апликацијата за да си ги вратат пред 7 јули. Фотографиите за кои станува збор се чуваат во албумот наречен „Synced“.

Технолошките експерти велат дека стратегијата со која се принудуваат луѓето да направат нешто се покажала за успешна - како што се случи и со „Messenger“ откако оваа опција беше избришана од главната апликација.

Но, дали навистина „Facebook“ сака да биде апликација која практично им се заканува на корисниците дека ќе ги изгубат податоците доколку не се согласат со нивните барања?

Доколку оваа апликација е толку добра колку што тврди мрежата, тогаш луѓето ќе ја инсталираат и без да бидат принудени. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk