X
 22.06.2016 Технологија

Запознајете го следниот Тесла - 13 годишното момче, Макс

„Можеби звучи клише, но уште од првиот ден знаев дека на оваа планета сум со причина“, вели Макс Лоуган, 13 годишно момче кое создало уред кој генерира бесплатна енергија, а јавноста веќе го споредува со големиот визионер Никола Тесла.

 

тесла


Неговиот изум наликува на спиралата на Тесла и работи на истиот принцип кој одамна го опишал Тесла. Она што го издвојува овој уред е фактот што е многу едноставен - собира електромагнетна енергија од атмосферата на Земјата и ја претвора во електрична енергија која може да се користи за напојување на електрични уреди.

Макс овој пронајдок го направил во работилницата на неговиот татко, кој ја претворил во лабораторија, со материјали кои ги купил за само 15 долари и докажал дека неговиот уред може да напојува LED ламба, а тоа го демонстрира и на видеото подолу.

„Оваа жица ја зема енергијата од воздухот и во лименката од кафе оваа струја може да се претвори од наизменична во еднонасочна“, објаснува младиот генијалец.

Постигнувањето на ова момче е доста импресивно, а особено воодушевува фактот што делата на Тесла ги инспирира младите деца денес. За Макс е чудно што биле потребни 75 години за идеите на Тесла да дојдат до меинстрим медиумите.

„Мојата цел е да му помогнам на светот. Сакам да изградам иднина во која сите луѓе ќе бидат среќни и безбедни“, вели Макс.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија