X
 25.09.2023 Живот

На Антарктикот откриени фотографии од пред еден век

Конзерваторите на новозеландскиот антарктички фонд за наследство неодамна на Антарктикот открија кутија со негативи. Во кутијата имало 22 изложени, но необработени негативи од целулоза нитрат.

Се верува дека негативите се од „Рос си парти“ од 1914-1917 година, група која била заглавена во колибата поради снежна бура. На крајот биле спасени, но кутијата досега била закопана.

Конзерватор на фотографии од Велингтон внимателно ги обработил негативите со цел да ги открие историските мистерии на секоја рамка. Иако малку оштетени, неверојатните слики ни даваат редок поглед на авантуристите од минатото. Извршниот директор на фондот, Најџел Вотсон, вели:

- Ова е првиот пример за неразвиени негативи од пред еден век, од херојската ера на Антарктикот. Има малку слики од таа експедиција - изјави Најџел Вотсон, директор на фондот за наследство.

2

3

4

5

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Nzaht.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот