X
 21.12.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 дена

Денес е среда, 21 декември 2016 година, 356-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:11 часот. Денот ќе трае 9 часа и 19 минути. Денес во 11 часот и 44 минути, во Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото. Воедно, среда на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица).

Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и студено време, но малку потопло во однос на изминатите денови. Исто така имаме и појава на слаба магла по одделни котлини, особено долж Повардарието.

МАКЕДОНИЈА – По студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Минималните температури од -10 до -1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -5 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 6 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток, петок и сабота по студените утра, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со дневни температури кои ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Утринските температури ќе се движат во интервал од -12 до -2 степени, додека пак максималните дневни од 2 до 12 степени. Во недела претежно сончево со појава на локална облачност, утринските температури од -9 до -1 степен, а максималните до 3 односно до 12 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот