X
 03.04.2017 Живот

Какво време да очекуваме во првата работна недела од месец април?

Денес е понеделник, 3 април 2017 година, 93-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:09, а ќе зајде во 19:04 часот. Денот ќе трае 12 часа и 55 минути.

Ова утро во Македонија имаме умерено облачно и релативно топло утро за овој период од годината. Пониски утрински темпертаури имаме во источните предели каде што во најголем дел од ноќта времето таму беше претежно ведро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Попладне од југозапад продор на влажна и нестабилна воздушна маса која што најпрво во југозападните и западните предели, а доцна попладне и навечер и во останатите предели од Македонија ќе донесе врнежи од дожд и посвежо време со пад на дневните температури. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -2 до 7 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 8 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, доцна попладне и навечер нестабилно време со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, додека пак максималната дневна до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Нестабилното време со локални врнежи од дожд и посвежо време во однос на температурите кои што ги имавме претходните денови ќе биде во вторник и среда. Утринските температури од 3 до 9 односно од 2 до 8 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат од 8 до 18 односно од 11 до 21 степен. Во четврток умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и температури од 11 до 21 степен. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, утринските температури од -1 до 6 степени, додека пак максималните дневни од 10 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот