X
 22.08.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 22 август 2016 година, 235-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:44, а ќе зајде во 19:26 часот. Денот ќе трае 13 часа и 41 минутa.

Во Македонија во овие утрински часови имаме претежно сончево и топло време. Во текот на денот не очекува и промена на временската состојба.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло. Околу пладне се очекува зголемување на облачноста и развој на нестабилност која во попладневните и во вечерните часови ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите прво ќе започнат во западните и северозападните предели. Попладне поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и северозападните предели, а во вечерните часови во јужната половина од Македонија. Локално можна е појава на невреме. Слаб југоисточен и југозападен ветер, кој попладне ќе преминува во засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 12 до 21, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23 до 34 степени. Ув индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови претежно сончево и топло. Попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер, кој попладне ќе премине во доумерен северозападен. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 32 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА – Во вторник во раните утрински часови врнежите ќе престануваат. Во текот на денот умерено облачно и свежо со температури од 18 до 27 степени. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежи од дожд се очекуваат во југозападните, јужните и југоисточните предели. Во среда умерено облачно со сончеви периоди и потопло време, во доцните попладневни и во вечерните часови услови за локални врнежи. Температурите од 23 до 31 степен. Во четврток претежно сончево со локална облачност и потопло време со температури од 26 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот