X
 14.10.2016 Живот

Временска прогноза за викендот што следува

Денес е петок, 14 октомври 2016 година, 288-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:40, а ќе зајде во 17:57 часот. Денот ќе трае 11 часа и 17 минути.

Во утринските часови по котлините и долините имаме појава на магла, но исто така преовладува и претежно ведро и студено време.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот не очекува претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -2 до 8 степени, додека пак максималните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 13 односно до 24 степени. Ув индексот ќе има вредност 4.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 21 степен. УВ индекс 4.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и температури од 13 до 25 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе достигнат до 10 односно до 22 степени. Нестабилно со врнежи од дожд ќе биде и во понеделник кога ќе продолжи падот на температурите и ќе се движат од 8 до 18 степени. Во вторник умерено облачно со сончеви периоди и свежо време со максимални температури одд 8 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот