X
 18.06.2016 Живот

Уникатно CV со кое би имале големи шанси за вработување

Не е тајна дека потрагата по работа е тешка. Најлошиот дел е во испраќањето професионални биографии и мотивациски писма, и тоа само за да добиете автоматски пораки или воопшто да не добиете одговор. Но, постои решение: Чоколадо, но завиткано во професионална биографија.


Тоа го направила Рената Чандербалсин од Сиднеј, Австралија за да добие работа во областа на истражување на пазарот. Таа претходно била во образованието, поради што сакала нејзиното CV да биде забележано и покрај недостатокот на работно искуство во областа.

„Нова сум во индустријата и мислев како може да отидам и да им кажам дека сум добра. Си помислив дека треба да се разликувам од сите останати“, изјавува таа.


Таа имала помош за дизајнот, но идејата е целосно нејзина. Кога станува збор за чоколадото внатре, тоа е од „Lindt“. Таа направила неколку чоколади и ги испратила во повеќе агенции и компании, а вели дека добила позитивен одговор.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот