Во тек е првиот уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола. Уписите ќе се спроведуваат од 15 до 17 август 2016 година.
Битолскиот универзитет нуди 50-на студиски програми на додипломски студии, а има 3.543 слободни места. После завршувањето на првиот уписен рок, следува прелиминарна листа и решенија за прием на канидатите. На 25 и 26 август ќе се реализира запишување на примените студенти.
На факултетите при УКЛО во академската 2016/17 година, на првиот циклус студии има вкупно 3.543 слободни места од кои 2.040 во државна квота, 790 места со кофинансирање и 713 места за вонредните студенти.
Износот за партиципација во државна квота е 200 евра, 100 евра за дисперзираните студии и од 100 до 400 евра за кофинансирање и за вонредни студенти.
УКЛО ќе спроведе уште два уписни рока: вториот ќе се реализира на 1 и 2 септември, а третиот на 14 септември.