X
 01.03.2016 Образование

Земјите со најголем број дипломирани инженери

Која земја создава најголем број на дипломирани инженери годишно? Америка? Не. Јапонија? Не. Овие двете земји можеби се чинат како очигледен избор, но сепак, не се број еден.

 

1


Според Институтот за статистика на УНЕСКО, земјата која „произведува“ најголем број на дипломирани инженери на годишно ниво е Русија, по што следува Америка и Иран. Според нивниот извештај, Русија има речиси половина милион дипломирани инженери секоја година, а Америка и Иран имаат четвртина од еден милион секоја година.

Каде се Кина и Индија - двете најнаселени земји во светот? На оваа листа никаде, бидејќи не постојат достапни податоци за овие две земји.

Нормално, се очекува земји како Америка и Јапонија да владеат на листат, но она што е навистина интересно е како некои земји во развој започнуваат да се доближуваат до топ 10-те. Земјите како Виетнам и Индонезија произведуваат над 100.000 дипломирани инженери годишно. Навистина импресивен подвиг.

 

2


Според Светскиот економски форум: „Талентот ќе биде клучен фактор за поврзување на иновации, конкурентност и раст во 21-от век. Врз основа на тие информации, се чини дека земјите во развој како Индонезија и Виетнам пред себе може да имаат доста светла иднина“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование