X
 11.05.2016 Образование

Како влијаат психолошките ефекти од тестовите врз учениците?

стрес

 

 

Голем дел од родителите веруваат дека нивните деца треба да бидат стимулирани од активности и проекти, наместо да се соочуват со стравовите предизвикани од тестовите. Тие сметаат дека тестовите предизвикуваат непотребен стрес и притисок врз децата тие да имаат добри резултати.


И наставниците се под силен притисок за нивните ученици да имаат успешни резултати на тестовите. И секако, и самите ученици се свесни за тоа што значат тестовите и какво влијание имаат тие врз нивната оценка и нивната иднина. Притисокот од родителите е можеби најголемиот извор на стрес за децата во основно училиште. Стресот и притисокот од претстојните тестови може да резултираат со она што истражувачите го нарекуваат „тест вознемиреност“. Ова може да се манифестира преку голем број симптоми.

Децата може да страдаат од негативни мисли како што се: „Ако не добијам добра оценка на овој тест нема никогаш да пронајдам добра работа“. Тие исто така може да страдаат од физиолошки симптоми како што се треперење или пак „играње“ со некаков предмет. Ефектите од вознемиреноста за време на тестот може да влијаат врз способноста на детето да ги процесира и сфати прашањата и да го даде својот максимум за време на тестот.

Утврдено е дека учениците кои имаат високо ниво на вознемиреност за време на тестот имаат послаби резултати на тестовите. Ова станува честа појава кај децата особено на крајот на основно училиште. Секако, постои разлика во тоа како децата ги гледаат тестовите. За некои од нив тие се стрес, додека за други се предизвик. Отпорноста на детето може да ги намали негативните ефекти на вознемиреноста за време на тестот и со тоа да ги подобри резултатите. Поточно, децата кои веруваат дека можат да успеат, веруваат и бараат утеха од другите полесно и кои не се премногу чувствителни, можат полесно да го надминат проблемот поврзан со вознемиреноста. Тука родителите играат голема улога со тоа што ќе се обидат да ја зголемат нивната отпорност.

Потребно е на детето да му се даде до знаење дека тестот и резултатите од тестот се важни, меѓутоа во ниту еден момент не се најважни - најважно е тоа што детето дало се` од себе. Во училницата, наставникот треба да ги запознае децата со форматите и постапките за време на тестовите, за децата во иднина да знаат како да постапуваат во текот на тестирањето.

И наставниците и родителите треба да бидат свесни како потсвесно го пренесуваат чувството на стрес и тензијата кај децата. Потребно е да се создадат соодветни стратегии за намалување на притисокот кои го предизвикуваат тестовите кај децата. Важно е и родителите и наставниците да се фокусираат на социјалното, менталното и емоционалното здравје и развој на децата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование