X
 02.09.2016 Образование

Писмо од педагог до родителите на првачињата

деца

 

Почитувани родители!


Дојде време да го запишете вашето дете во прво одделение. Во ова писмо ќе се потсетите или ќе го дополните вашето знаење поврзано за вашето прваче.

Како родител на ученик во прво одделение:

- Читам и покажувам интерес и радост кога ќе научам нешто ново
- Истакнувам колку би било убаво и корисно да се знаат многу работи
- Секогаш се трудам да бидам во близина кога моето дете учи и пишува задачи, и му помагам само ако е потребно
- Иако некогаш сакам да ја напишам задачата наместо моето дете, се потсетувам дека на тој начин нема да му помогнам
- Верувам во своето дете и неговите способности
- Никогаш не ја читам лекцијата и не му ја раскажувам
- Кога само ќе учи што е важно да знае, ќе го сфати она што го учи и ќе знае да го искористи своето знаење
- Работата на моето прваче ја смета за еднакво важна како и секоја друга работа
- Тоа го покажувам такашто моето дете има простор и мирно опкружување за учење
- Пишувањето задачи и учењето може да почекаат ако детето е уморно или нерасположено
- Ќе му дадам на детето можност да одлучи за времето на пишување на задачи, а кон договорот мора да се придржува
- Ќе го фалам секој напредок без оглед на оценката
- Ќе му кажувам дека секој човек е посебен поради нешто, па така и ние самите, и ќе го афирмирам прифаќањето и толеранција наспрема другите
- Заедно со детето ќе направам дневен план на активности: серија на слики кои ги прикажуваат училиштето, храната, хигиената, подготовка, учење и пишување задачи, гледање телевизија, играње со другарчињата, игри на компјутерот
- Дненвиот план ќе го ставиме на видно место во нашиот дом
- Со тоа ќе научи да го користи своето време според планот
- Со текот на времето ќе го надополнува планот
- Моето прваче не гледа серии бидејќи не се соодветни за негова возраст
- Јас го контролирам користењето на компјутерот
- Настојувам нашето семејство да биде „сигурна зона“ на безусловно прифаќање и љубов чија среќа и задоволство ја градиме сите заедно.

Оваа содржина која е подготвена за вас драги родители, е производ на долгогодишно искуство во работата со децата од страна на родителите, учителите, наставниците, професорите и стручните соработници. Се надеваме дека ќе ви биде од корист како водечки принцип во вашата работа со детето. 

 

Автор: Емир Синан

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование