X
 29.09.2016 Здравје

Светски ден на срцето: 10 совети за здраво срце

Затоа што годишно Земјата губи по 17,3 милиони луѓе заради инфаркт и срцеви болести, а до 2030-та таа бројка може да скокне на 23 милиони, затоа треба да научиме како да си ги заштитиме срцата.

Одбележување на Светскиот ден на срцето има за цел да се подигне свеста за срцевите заболувања, што би довело до намалување на бројот на пациенти со заболување на овој мускулен, витален орган. Годинава темата е: Да создадеме здрава средина за срцето.

Траги од авион во облик на срце

10 совети за здраво срце:


- Откажете се од цигарите.

- Намалете со алкохолот.

- Јадете храна со помалку сол, а со повеќе натриум.

- Вежбајте барем по 30 минути дневно.

- Јадете повеќе риба, растителни влакна и овошје.

- Помалку стрес - најдете си интересно хоби.

- Наспијте се.

- Одете на годишни лекарски контроли.

- Едуцирајте се за симптомите и болестите на срце.

- Ако во семејството сте имале некој со срцева болест, обрнете внимание на сопствеото здравје.


World Heart Day
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје