X
 12.10.2016 Образование

Објавен е конкурсот за 4-годишно школување во САД на Воено-воздухопловната академија и Воената академија „Вест Поинт“

Министерството за одбрана на Република Македонија објави конкурсот за избор за номинација на 12 кандидати за упатување на 4-годишно школување во САД, на Воено-воздухопловната академија и Воената академија „Вест Поинт“.

 

– Станува збор за уникатна шанса за сите граѓани на Република Македонија од 17-23 години со завршено средно образование, односно со можност да го завршат средното образование до 01.07.2017 година, кои добро го познаваат англискиот јазик, соопшти денеска МО.

Кандидатите кои ќе се пријават, се појаснува, ќе поминат сет тестови и интервју во Министерството за одбрана, а ќе бидат тестирани и од надлежни комисии на Военовоздухопловната академија и на Воената академија „Вест Поинт“.

КОНКУРС за избор на 12 (дванаесет) кандидати кои ќе бидат номинирани за упатување на четиригодишно школување во Соединетите Американски Држави

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование