Hotels.com знае дека голем дел од луѓето посакуваат едноставност, помалку хаос и повеќе мир.
Токму затоа сега регрутира кандидат чија задача ќе биде да го помине остатокот од летото 2022 година лежејќи покрај плажите и луксузирајќи се во шармантно носталгичните мотели.
Компанијата бара еден среќник на кој ќе му плати 10.000 долари за посета на хотели како „Перл хотел“ во Сан Диего и „Вагабонд хотел“ во Мајами. Тој ќе добие и плата од 5.000 долари и подароци, вклучувајќи фотоапарат „полароид“, чадори, винтиџ очила за сонце, ладилник и радио на соларна енергија.
- Патниците во денешно време бараат „ол инклузив“ хотели и одморалишта кога ги планираат своите летни одмори, но нашиот кандидат треба да докаже дека мотелите на плажа можат да бидат исто толку луксузни. Овие безвремени мотели не само што се прифатливи за буџетот, туку и ги носат гостите назад во времето за вистински да се исклучат и да се релаксираат - вели Мелиса Домен од Hotels.com.
За да
аплицирате за оваа работа од соништата, мора да имате најмалку 21 година и да сте жител на САД. Пријавувањето е до 5 август, а победникот ќе биде избран и известен до 12 август.
Извор:
Thrillist.com
Фото: Hotels.com