X
 24.10.2016 Здравје

Три најдобри физички активности за зголемување на продуктивноста

Промената во рутините на работното место со сигурност ќе Ве направи покреативни и поекспедитивни, ќе ја зголемите ефикасноста, а не е исклучок таа да има и позитивен ефект на здравјето. Професионалците од оваа област нудат најразлични совети за да го постигнете ова и многу од нив се однесуваат грижата за физичката активност.

состанок во одење


Што да промените?

Состаноци во одење


Наместо да се држите до традиционалните состаноци на маса во затворена просторија, за оние што немаат многу ограничувања, обидете се да ги направите во движење. Бројни истражувања докажале дека мозокот мисли поефикасно со повеќе кислород, а движењето е одличен начин за да го постигнете ова.

Променете ја средината


Ако целиот ден го поминете во канцеларија и притоа треба да имате исцрпен двочасовен состанок во истата или соседната просторија, можеби е подобро да ја разгледате опцијата за кафетеријата или ресторанот што е во близина. Со ова патем ќе добиете и неколку минути одење пеш.

Направете пауза со друга активност

Осумчасовното работно време би изгледало многу поинтересно ако имате можност за фитнес или некаква забавна активност за време на паузата. Ако компанијата не нуди вакви услови, смислете активност што ќе ја практикувате со колегите барем 10 минути во текот на работниот ден.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје