X
 12.02.2021 Живот

Песни што ја зголемуваат продуктивноста во работата

Доколку сакате да бидете ефикасни во работата, слушањето музика може да ви помогне. Нова анкета спроведена од британската компанија „Содексо“ имала цел да ги открие песните што им помагаат на луѓето да бидат продуктивни во работата. Поп-музиката е фаворит.

Дури 60% од 2.000 британски испитаници изјавиле дека поп-музиката им помага да бидат попродуктивни во работата. На второ место е рок-музиката, а потоа се денс-музиката, аренби и класична.

Испитаниците ги откриле и омилените изведувачи што им ја зголемуваат продуктивноста. На прво место е бендот „Квин“, особено песната „Don't stop me now“. „Thinking out loud“ на Ед Ширан и „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт, исто така, се наоѓаат во првите места.


Компанијата ги искористила резултатите од анкетата за да состави листа со песни на „Спотифај“, која може да ја најдете овде.

Автор: Гејл Фашингбауер Купер
Извор: cnet.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот