X
 16.02.2021 Здравје

Објаснување на колективниот имунитет преку стапици за глувци и пинг-понг топчиња

Сите слушаме за изразот „имунитет на стадо“ или колективен имунитет, но можеби тој сè уште не е јасен за дел од населението. Креативците од два научни канали на „Јутјуб“ решиле да соработуваат за да го објаснат овој израз на креативен начин.

Во нивното видео тие користат 500 стапици за глувци и 500 пинг-понг топчиња за да покажат зошто вакцините играат улога во постигнувањето колективен имунитет на коронавирусот. Заклучокот е дека вакцините не ве заштитуваат само вас, туку целото население, дури и оние што нема да се вакцинираат.

Во првиот дел од експериментот се покажува како само едно топче, претставувајќи едно заразено лице, може да предизвика реакција на речиси сите топчиња, односно може да доведе до заразување на многу повеќе луѓе.

Потоа се покажува верзија во која поголемиот дел од топчињата се поставени на нефункционални стапици и ги претставуваат луѓето што се вакцинирале. По фрлањето на топчето во втората верзија се активираат само неколку други топчиња на функционални стапици, покажувајќи дека се стопира ширењето доколку се вакцинираат доволно луѓе. Видеото може да го погледнете во продолжение.


Извор: interestingengineering.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје