Алатки за вештачка интелигенција како „Чет-ГПТ“ може да водат софтверска компанија со минимална човечка интервенција, покажува ново истражување.
Во трудот, група истражувачи од Универзитетот „Браун“ и повеќе кинески универзитети спровеле експеримент за да видат дали алатката може да го заврши целиот процес за развивање софтвер без претходна обука. За оваа цел, истражувачите создале хипотетичка компанија за софтвер која била поделена на сектори за дизајнирање, кодирање, тестирање и документирање.
Потоа, истражувачите им доделиле специфични улоги на посебни ботови. На пример, еден бот бил извршен директор, друг - директор за технологија итн. За време на целиот процес, ботовите комуницирале меѓусебно со минимална човечка интервенција.
Ботовите добиле задача да дизајнираат едноставна игра. „Компанијата“ од ботови успеала да го заврши целиот процес на развивање софтвер за помалку од седум минути.
Околу 86,66 отсто од создадениот софтвер бил совршено развиен. Биле откриени некои проблеми како грешки во моделите кои би можеле да предизвикаат поголеми проблеми во создавањето на софтверот.
Сепак, истражувачите сметаат дека алатките за вештачка интелигенција може да им помогнат на неискусните програмери и инженери во реалната работа.
Извор:
Business insider
Насловна фотографија: Pixabay