X
 13.12.2025 Живот

Зошто лебот уште е крал на трпезата? Психологијата на храната што реално сите ја сакаме

Лебот е една од ретките намирници што остануваат исти со децении. Додека сè околу нас се менува, лебот е тука, секој ден, како сигурен оброк или додаток на секој оброк.

Делумно, објаснувањето лежи во тоа како нашиот мозок реагира на мирисот на леб. Науката вели дека мирисот на печен леб активира делови од мозокот поврзани со емоции и сеќавања. 

Мирис што буди повеќе од глад

Повеќето намирници бараат од нас да размислиме: дали ни се допаѓаат, дали ни одговараат. Со лебот е различно. Не поставуваме прашања, не ги мериме опциите. Неговиот мирис го активира нашиот апетит речиси автоматски и често посегнуваме по него дури и пред тоа да стане свесна одлука. Зошто? Бидејќи лебот не е само калорија, туку емоционална константа што ги придружува луѓето илјадници години. Олфакторниот систем, делот од мозокот одговорен за мирисот, е директно поврзан со лимбичкиот систем, местото каде што се складираат емоциите и спомените. Затоа мирисот на леб евоцира нешто многу посилно од гладот: евоцира дом, безбедност, навики и луѓе.

Не е случајно што секоја култура ги има изразите „како во старите денови“ или „како баба“ кога го опишува совршениот леб. Не е само носталгија, туку емоционална мапа што нè враќа на места што ни се важни. Имено, лебот е дел од идентитетот на домот, дури и кога сме се преселиле далеку од кујната каде што првпат сме го почувствувале мирисот.


Храна што никогаш не излегува од мода

Препораките, замените, забранетата и дозволената храна се менуваат, но, лебот останува. Зошто не го отфрламе дури и кога се обидуваме да се држиме до најстрогите планови за исхрана?

Затоа што лебот, покрај неговата хранлива вредност, има и психолошка функција. Во психологијата на исхраната постои концепт наречен „храна за утеха“, храна што нè смирува затоа што е предвидлива, стабилна и позната. Лебот е токму тоа. Тој е едноставен и неопходен. Никој не прави церемонија околу лебот, но сите имаме свој ритуал. Некои го кршат, некои сечат парчиња, некои го оставаат покрај чинијата и го земаат дури на крајот од оброкот. Ова се мали лични обрасци кои придонесуваат за чувство на ред во денот.

Извор: tportal.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот