X
 16.12.2022 Живот

„ТАВ Македонија“: Сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје моментално е запрен, но летовите не се откажани

„ТАВ Македонија“ информира дека поради дојава за бомба, утрово целиот персонал и сите патници и/или минувачи на Меѓународниот аеродром Скопје се безбедно евакуирани и сообраќајот е моментално запрен, но летовите не се откажани сѐ додека не добијат известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.

- Меѓународниот аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивна направа. Информацијата веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот. Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сѐ додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред - се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот