X
 06.03.2017 Живот

Кој е Сергеј Кисљак - рускиот дипломат кој „сруши“ неколку Трампови функционери?


Политичари на ручек

Белата куќа е потресена од „руски синдром“, а благодарение на „методот Кисљак“, како што пишуваат руските медиуми. По заминувањето на шефот за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, се чини дека истата судбина го чека и министерот за правосудство, Џеф Сешонс.

Мајкл Флин морал да отстапи од функцијата затоа што категорички одбивал да ги признае средбите со руските дипломати во Вашингтон за време на предизборната кампања. Сега и министерот Сешонс, еден од главните луѓе во кампањата на Трамп, сведочејќи пред комисијата на Сенатот, избегнал да ги спомене средбите со главниот руски дипломат во Вашингтон, амбасадорот Сергеј Кисљак. Притиснат во доказната постапка, тој се обидел да ги релативизира двете средби, тврдејќи дека разговарале на општи теми, меѓу кои и за украинското прашање.

Лидерката на демократите во Сенатот, Ненси Пелоси, заради оваа афера побарала оставка од Сешонс. ФБИ, пак, го истражува руското влијание врз исходот на преседателските избори  и нивната помош при изборот на Доналд Трамп, на штета на Хилари Клинтон. Washington Post пишува дека Кисљак одржувал интензивни контакти со луѓето од изборниот штаб на Трамп. CNN го „обвини“ рускиот амбасадор Сергеј Кисљак дека паралелно со дипломатската активност, се занимава со „шпионажа и врбување“ , заради што неговите разговори со високи американски функционери во „четири очи“, ги прави дополнително сомнителни и деликатни. За право, поранешниот директор на ЦИА, Џон Меклфлин, не смета дека Кисљак е разузнавач во вистинска смисла на зборот, туку дека „тој е искусен дипломат, кој совршено говори англиски јазик и е многу шармантен, паметен и искусен“. За него е сосема нормален фактот дека рукиот дипломат собирал информации, затоа што тоа е и негова работа.

Поранешниот оперативец на ЦИА кој бил задолжен за Русија, Стивен Хол, тврди дека е многу малку веројатно дека Кисљак е функционер на ГРУ (Воена разузнавачка служба) или СВР (Надворешна разузнавачка служба).

Кисљак е врвен руски дипломт, обучуван за својата работа во САД. Уште во 1981 година, тој работел како втор секретар на советското претставништво во ОН, а од 1985 и како прв секретар во амбасадата на СССР во Вашингтон, а пред преземањето на функцијата – амбасадор на Русија во САД во 2008, работел и во американскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи како заменик на Сергеј Лавров.  Тој му ги пишувал сите претставки за САД и се смета дека ја има „во малиот прст“, а Вашингтон го смета за еден од „најопасните“ дипломати во Америка.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот