X
 05.06.2017 Технологија

Совети од хакерите како да ги чувате децата од опасностите на Интернет

Не можете децата потполно да ги изолирате од светот на технологијата. Интернетот им е потребен за да комуницираат и да ги завршуваат училишните задачо. Меѓутоа, тоа е свет полн со опасности, па што можете да направите за да ги заштитите?


Ова се мерки на безбедност кои ги препорачуваат хакери кои станале родители:

1. Вие сте сопственици на сите уреди

Таблетите, компјутерите и мобилните телефони им припаѓаат на родителите, кои им ги позајмуваат на децата. Затоа родителите се тие кои ги поставуваат правилата за употреба на дигиталните уреди.

2. Уредите не треба да стојат во детската соба


Уредите треба да стојат во одредена соба каде што сите членови на семејството ќе ги оставаат пред да одат во спиење. Децата не смеат да имаат причина за останување до доцна од било кои причини.

3. Користете опции кои ја ограничуваат употребата


Ако користите „iPhone“ во опции кликнет „Accessibility“, а потоа „Guided Access“. Така ќе го заклучите телефонот и детето ќе може да ги користи само апликациите кои вие ќе ги одредите и тоа онолку време колку што вие ќе одлучите.

4. Ако имате „Samsung“ телефон, користете го детскиот режим

Кога ќе го вклучите, децата ќе не можат да кликаат каде што не треба.

5. На децата купете им постар модел на телефон


Тогаш децата ќе можат да го користат телефонот само за разговори и смс пораки, а нема да може да губи време на непотребни апликации и игри.

6. Зголемете ја заштитата на својот рутер


Секој рутер има и безбедносен систем и со себе носи и одредени ограничувања. Може да се контролира онлајн купувањето, симнувањето материјали и апликации, како и пристап до лошо заштитените веб страници.

7. Нека го развиваат здравиот разум


Не можете потполно да ја контролирате детската употреба на Интернет, но вашите препреки колку толку ќе ги спречат опасните активности и истовремено ќе го поттикнуваат здравиот разум кај децата.

Извор: detinjarije.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија