X
 29.12.2017 Живот

Како успешните луѓе работат паметно, а не напорно?

Дали некогаш сте се запрашале како успешните луѓе работат паметно, а не напорно? Постојат неколку објаснувања за тоа како можете да ја подобрите вашата продуктивност денес.

Постојаната работа и никаква забава го прави човекот досаден. Всушност, ефектите на прекумерната работа може да бидат големи: долги часови, зголемен стрес и анксиозност, отуѓени врски, како и намалена продуктивност и незадоволство од работата.

Тогаш, зошто да не работите паметно, а не напорно?

Паметната работа има фантастични придобивки. Подобро здравје, повеќе пари, добар баланс помеѓу животот и работата, зголемена енергија, поголема самодоверба и извонредна продуктивност и задоволство во работата.

Имајќи го тоа на ум, ова се неколку начини како технолошките гиганти работат паметно, а не напорно.

1. Редовно прават пауза

Во книгата „Седумте навики на високо ефективните луѓе“ авторот Стивен Р. Ковеј раскажува интересна приказна. Приказната е за дрвосечач чија пила станува тапа со текот на времето, но тој сепак се обидува да пресече дрво. Ако дрвосечачот направел пауза и ја наострел пилата, ќе бил многу попродуктивен долгорочно.

Наострувањето на сопствената пила, метафорички кажано, е одлична навика во животот на луѓето. Научете редовно да правите паузи на секои 90 минути. Во просек, човечкиот мозок може да го одржи фокусот токму 90 минути, и потребни му се 15 минути за да се освежи. Редовните паузи ви овозможуваат да го освежите умот и да го ресетирате вашето внимание.

2. Паузите можат да бидат и дремки


Неодамнешно истражување покажува дека дремките овозможуваат подобрување на когнитивната функција, а ги подобруваат и креативното размислување и меморијата. Од нив човек има корист при процесот на учење со преземање и задржување повеќе информации.

3. Поминуваат време во природа

Поминувањето време во природа е одличен начин за ресетирање на вниманието и  генерална релаксација. Даниел Големан, автор на „Фокус: Скриениот двигател на извонредноста“, во самата книга опишува еден експеримент што ја нагласува моќта на природата за паметно работење, а не напорно.

Експериментот споредил неколку луѓе што оделе по улица со луѓе што оделе низ паркот. Тој открил дека има значителна разлика во распонот на вниманието помеѓу двете групи. Всушност, оние што оделе по улица не можеле да го „ресетираат“ нивниот ум. Ова се должи на фактот што градските улици се зафатени места со многу работи што го одвлекуваат вниманието и луѓето имаат постојана потреба за навигација.

Поминувањето време во природа, пак, е помалку стресно. Ви овозможува целосно да се релаксирате и да се развиете, што значи дека ќе се фокусирате полесно кога ќе се вратите на работа. Исто така, други истражувања покажувале дека за учениците, мотивацијата за учење е поголема кога се надвор отколку кога се во училницата.

4. Прво ги проверуваат електронските пораки

Тоа е спротивно на некои популарни верувања, но со зголемувањето на бројот на работници што работат на далечина ова станува неопходно. Тоа ви помага да станете попродуктивни и подобро да го испланирате вашиот работен ден.

Оваа навика ќе ви помогне прво да се занимавате со најважните работи.

5. Работете на делови


Популарен метод на работа е да се менуваат локации во текот на денот. Дури и можете да создадете план за тоа што да завршите на секоја локација. За системот да функционира ефективно, важно е да се знае кога треба да се запре. Ова треба да биде засновано на задача, а не да зависи од времето.

Луѓето што се обиделе да го искористат овој систем се многу задоволни. Тие истакнуваат дека се многу попродуктивни, поактивни во текот на денот и работат помалку часа откако почнале да го користат овој процес.

6. Знаат кога треба да се откажат

Сите сме потрошиле доста време на задача што на крајот се покажала како губење време. Колку побрзо ќе сфатите дека задачата е бесцелна, толку подобро - важно е никогаш да не се чувствувате лошо затоа што сте ја напуштиле.

Самиот Стив Џобс потрошил доста време на задача што на крајот била губење време - компјутерот „LISA“. Сфатил дека нема да го има истото влијание како персоналните компјутери. Затоа веднаш престанал да работи на него и го префрлил своето внимание кон „Mac“.

7. Делегираат


Делегацијата е една од најкритичните вештини што секој треба да ги научи. Секако, некои задачи треба да се делегираат доколку го пренасочат фокусот од нешто што е поважно.

Во овие случаи, обемот на работа и задача треба да му се дадат на некој што подобро ќе се грижи за тоа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот