X
 19.05.2017 Живот

Неколку начини кои ќе ви помогнат да заспиете

Со оглед на брзото темпо на модерниот живот, се потешко е да се има квалитетен сон. Многумина патат од несоница или едноставно немаат доволно време за сон и одмор.

На човекот потребно му е 7 до 9 часа сон за да се одмори и да ги наполни батериите за новиот ден. Квалитетен сон значи и подобра меморија, помалку нервоза и стрес и многу други здравствени придобивки.

Постојат неколку начини кои можете да ги примените ако се соочувате со недостаток од сон, односно ако не можете да заспиете.

Доколку имате болки во ‘рбетот и рамената, обидете се да ја прегрнете перницата додека спиете, а доколку перницата веќе ја изгубила својата форма, тогаш време е да ја замените со нова. Експертите советуваат и да заборавите на мобилните телефони и електронските уреди пред спиење.

Препорачливо е и да се спие на левата страна, тврдат експертите. Доколку пак крчите, вие или вашиот партнер, тогаш избегнувајте спиење на грб. Што се однесува до грчевите во нозете, научниците сметаат дека таа појава е најверојатно поврзана со исцрпеноста на мускулите и оштетувањата на нервите. Масажата би можела многу да помогне за тој проблем.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот