X
 16.07.2017 Култура

100 години кино: нова документарна серија ја истражува историјата на киното со анализа на еден филм годишно од 1915

Филмот игра голема улога во речиси сите култури со децении и децении, но кој го измислил?

филм
Фото: pixabay
„Постојат докази за експериментирање со слики во движење уште од времето кога човекот живеел во пештери“, вели нараторот на документарната серија.

Оттаму истражувањето за кината оди на пионерот-фотограф кој ги стопира движењата - Едвард Мајбриџ, потоа Луис Ле Принц, кој ја прави првата филмска камера со единечни леќи, измислувањето на кинетоскопот и првата проекција на слики во движење на браќата Лимиер.



Првата епизода на серијалот го покрива периодот од 1888 до 1914, односно кога се појавуваат овие изуми. Но веќе во 1915 се случува “The birth of a nation”, за кој нараторот вели дека е еден од најважните филмови во историјата на филмот. Во секоја наредна епизода се избира еден филм преку кој се раскажува развојот на филмската историја и развојот на филмската индустрија.



Оваа серија почна минатиот април, секој месец има нова епизода.

Сите епизоди посебно може да ги погледнете на оваа страница.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура