X
 25.02.2016 Култура

Колку чини освојувањето на Оскар?

Познати се приказните за актерите кои плаќале реклами во кои од гласачите за Оскар барале да размислат за нивната улога, како и приказната кога на еден продуцент му било забрането да присуствува на доделувањето бидејќи спроведувал кампања против противничкиот филм.

 

oskar


Ова се само два примери кои покажуваат како некои луѓе сакаат да влијаат врз групата на гласачи, поточно на 6.000 членови на жирито кои одлучуваат за победниците на овие престижни награди.

Се проценува дека Холивуд на оскаровските кампањи троши од 100 до 500 милиони долари секоја година, иако за тоа никој не сака да зборува јазно.

Но, продуцентот и блогер Стиве Фалоуз дојде до анонимни податоци кои покажуваат дека кампањите за успешен најдобар филм чинат околу 10 милиони долари, со тоа што најмнгоу се троши на рекламирање, медиуми, таленти и публицисти. Во сезоната на Оскарите, студијата агресивно плаќаат реклами со кои ги потсетуваат гласачите на своите ѕвезди и нивните филмски заслуги.

Според некои проценки, во овој период од годината, реклама на насловна страна на познатиот магазин „Hollywood Reporter“ чини 70.000 долари, а слична цена има и „Variety“.

Во 2011 година, актерката Мелиса Лео, исфрустрирана од фактот дека не се појавувала на мејнстрим медиумите, сама платила за своите реклами за да ја промовира нејзината улога во филмот „Тhe Fighter“. Иако на многу луѓе не им се допаднал овој начин на само-промоција, сепак Мелиса на крајот ја однесе наградата за најдобра споредна женска улога.

Секако, постојат и други начини на промовирање на филмовите. Еден од нив е кога група на платени советници одредени филмови им ги наметнуваат на членовите на Академијата. Тие добиваат помеѓу 10.000 и 20.000 долари по филм, а можат да добијат и двојно повеќе ако нивниот клиент е номиниран или освои Оскар.

Членовите на Академијата се поканети да присуствуваат на проекциите во Лос Анџелес, Њујорк или Лондон, па често присуствуваат и самите ѕвезди.

Иако е забрането давање мито, гласачите добиваат голем број подароци и придобивки пред официјалните номинации. Според официјалните правила, од 2011 година е забрането директно лобирање преку меил или телефон, а после објавувањето на номинациите, студиото не смее да организира проекции со бесплатен пијалак и кетеринг - ова им била омилена тактика во минатото.

Забранети се коментари кои негативно го прикажуваат конкурентниот филм, без разлика дали се упатени директно или преку социјалните мрежи. Сепак, се сомнева дека горенаведените советници се делумно виновни за постојаните негативни приказни кои се појавуваат во медиумите непосредно пред доделувањето на наградите.

Така се појавуваат обвинувањата дека филмот „Slumdog Millionaire“ малку им платил на децата актери или пак дека филмот „Zero Dark Thirty“ негативно го прикажал мачењето на испитаниците.

Едмунд Хелмер, кој се занимава со анализа на податоци на Фејсбук, тврди дека сето тоа заедно на крајот не се исплаќа толку колку што Холивуд мисли. Како што проценува тој, најдобриот филм кој ќе освои Оскар заработува само три милиони долари повеќе после освојувањето на наградата, што е помалку од 14.2 милиони поттикнувања кои следуваат после добивањето на Златен Глобус.

Од друга страна, актерите кои ќе освојат Оскар за најдобра главна машка улога може да очекуваат зголемување на хонорарот од 3.9 милиони долари, додека жените за истата награда би добиле зголемување од 500.000 долари и повеќе.

Но на крајот Оскарите и немаат толку врска со парите, бидејќи голем дел во одлучувањето има и политиката и признанието кое добитниците го добиваат од своите колеги. Бидејќи добитниците автоматски добиваат повеќе шанси, им се отвораат повеќе врати и добиваат лично задоволство, кое на пример, Леонардо Ди Каприо се`уште го чека.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура