X
 03.07.2018 Култура

Софи Тарнер: „Осмата сезона од „Игра на троновите“ ќе биде најкрвава досега

Обожавателите на „Игра на троновите“ ќе мора да почекаат една година за последната сезона, меѓутоа, актерката Софи Тарнер, која ја толкува улогата на Санса Старк, реши да открие неколку детали велејќи дека новата сезона ќе биде најкрвава досега.

Тарнер најави многу борби и смрт во серијата:

- Тоа е „Игра на троновите“, па очекувајте дека ќе има многу повеќе крв, смрт и емоционално мачење во споредба со претходните сезони.

Иако не кажа детали за начините на смрт, мора да признаеме дека ова е голем подвиг за серијата со оглед на сцените што имавме можност да ги гледаме во текот на изминатите години.

sansa
Фото: YouTube/Printscreen


Во интервјуто, британската актерка најави многу борби помеѓу групите, а Санса добива доста важна улога.

- Можам да ви кажам дека дефинитивно луѓето се собираат за да се борат против пропаста што следува. Ќе има многу голема тензија помеѓу овие мали групи, борба за она што сметаат дека е правилно - додава таа.

Софи открива дека во последната сезона Санса добива улога на борец.

Во Санса секогаш гледав војник, но мислам дека луѓето не ја доживуваа така. Секогаш имав чувство дека таа цело време учеше и се адаптираше и тоа сега ќе го покаже. Санса станува војник. Многу ми е драго што се случи тоа - завршува таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура